-->
-->
Сопругот на најстарата прворотка на светот преживеа срцев удар
-->
Жената која минатата седмица, на речиси 74 години стана мајка на близначки, со денови лежи на интензивна нега покрај сопругот. Новопечениот татко Раџа Рао (78) доживеал срцев удар ден неговата сопруга Ерамати Мангајама се породи.
Индиската двојка се венчала 1962 година. Цели 57 години се обидувале да имаат дете, а жената забременила во јануари годинава. Таа е највозрасната жена во историјата која станала мајка.
Според „Хиндустан Тајмс“, Мангајама е во менопауза 25 години, па вештачкото оплодување е извршено со донирана јајце клетка и сперма од сопругот.
Мајката сѐ уште закрепнува од породувањето, а роднините веќе изјавија дека се спремни да ја преземат грижата за девојчињата, ако тоа биде потребно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Голема роденденска прослава на Прилепска Пиварница во Прилеп“
-
Мицкоски: Долго време бевме заложници на минатото, да се фокусираме на иднината
-
Жителите на неколку неготински села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот
-
Продолжува гаснењето на големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“
-
Јаневска: Се планира градинките да бидат во надлежност на МОН
-
Светски ден на населението
-
Саутгејт: Шпанија ќе биде неверојатно тежок ривал, ова е најдобриот тим на ЕП
-
Во Кина масло за јадење се транспортирало во цистерни за гориво