Сопругата му се шетала гола по двор, а комшијата и пуштил дрон!
Беспилотните летала кои популарно се нарекуваат дронови, се вистински хит не само во светот туку и во Македонија. Со дронови се снимаат свадби, музички спотови, спортски натпревари, а се користат и за потребите на телевизиите кога треба нешто брзо да се сними од високо.
Но овие летала се почесто навлегуваат и во приватноста на граѓаните. Летово во скопската населба Бардовци, дрон снимил гола жена која слободно си шетала во својот двор. Како што посочил нејзиниот сопруг заради високите температури таа практикувала да шета гола, но не знаела дека над нивниот двор во тоа време ќе лета дрон кој ќе ја сними. Неговиот револт бил толку голем што сакал и физички да се пресмета со сопственикот на леталото.
Деновиве дрон е забележан како лета во строгиот центар на Скопје, во висина на канцеларијата на извршниот директор на Телеком. Се реагирало веднаш и по дојавата до надлежните служби, дронот бил приземјен.
Еден од последните вакви случаи предизвикал хас во дворот на Собранието. Се случило дрон да падне во бетоњерката каде имало градежни работници. Тие останале обеспаметени бидејќи не знаеле за што се работи. Беспилотното летало му излегло од контрола на сопственикот, што предизвикало паника и страв во околината на овој стратешки државен објект.
Ова е само дел од ситуациите во кои се нашле некои од нашите сограѓани за што тие се пожалиле до Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ (АЦВ) во чија надлежност е контролата на македонскиот воздушен простор, но и овие летала кои што се движат во просторот без екипаж, а се контролираат од земја.
Според Горан Јандреоски, директор на АЦВ, мора да се контролира летањето на овие летала, бидејќи никој не сака на тераса да му лета дрон. Тој информира дека регулативата во вид на Уредба е подготвена, но останува само да биде усвоена од собранието, по што ќе има целосна контрола на летањето, во спротивно предвидени се неопходни санкции.
-Мора да се стрпиме собранието да почне да функционира за да се поминат сите законски чекори и регулативата да биде во сила - вели Јандреоски и појаснува дека досега направиле два повика до јавните гласила за учество при изработка на новата регулатива за дронови.
Според него, тоа дава можност активно да се учествува, да се даде мислење, за што до нив се стасани многу позитивни коментари.
-Тие коментари ги сублимиравме, направивме конечен документ и ги предадовме во Министерството за транспорт и врски. Но, за жал, сега собранието не е во функција, затоа мора да се стрпиме собранието да почне да функционира за да се поминат сите законски чекори и потоа регулативата да биде во сила - објасни Јандреоски
Според него, во новата регулатива има рестрикции, односно ограничени се местата на летање. Но, исто така прецизирана е и процедурата како да се стекнеш со потребниот документ за да можеш да го оперираш дронот.
-Неопходна е и еднодневна обука, што значи безбедност за летање, како и што значи да го леташ дронот во околина на аеродром, што значи леталото да се лета во близина на Собрание, во близина на претседателска палата - посочи Јандреоски.
Досега АЦВ се информираше со еден допис за употреба на дрон, на пример за потребите на еден спот на која конкретна локација ќе се снима.
-Само не информираат и ние им даваме усно одобрение. Паралелно се информира и МВР да не има случајно на локацијата масовно собирање, бидејќи не смее да се дозволи да се лета над насобрана маса - дополни Јандреоски
Според него, деновиве Агенцијата потпишала Меморандум со Ректоратот на УКИМ за да се направи основа за соработка со Националниот универзитет во Сингапур, затоа што таму е развиен модел за контрола на летање на дронови.
Дроновите треба да се регистрираат и притоа да се информира контролата за летање за тоа кои се фреквенциите на тој дрон. Во делот на контролата неопходен е и мал надзорен центар за летање со дронови
-Со новата регилатива за дронови има и санкции ако не се лета според Уредбата која што ја пропишува Владата, а Агенцијата е задолжена да ја спроведе - вели Јандреоски
Дроновите се проблем не само во земјава, туку секаде во свет. Тие што се произведени од брендирани производители имаат во своето софтверско решение, во кодовите точно рестриктивни зони каде можат да летаат.
-Присуствував деновиве на демонстрација на дрон кој има кодови во кои зони може да се движи. Во скопскиот парк беше насочен да се упати над фудбалскиот стадион, но не можеше да лета натаму, стоеше во место. Слично се случи и во близина на претседателската резиденција - посочи Јандреоски и додаде дека засега оваа можност ја немаат кинеските летала.
И во други земји од светот нема соодветна регулатива за летањето на дроновите. Но се практикува дроновите да не се пуштаат да летаат повисоко од 120 метри, во близина на аеродроми, како и да летаат блиску до згради и над насобрани луѓе.
Ново на Сител
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц