Сопругата и ќерката на газдата на Пулс од вчера се во полициска станица
Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Пулс од вчера вечер се во полициска станица во Скопје, дознава Сител од полициски извори. Според нашите информации, тие биле повикани во полиција во текот на вчерашниот ден при што им биле одземени 5 мобилни телефони.
Според неофицијални информации, една од двете жени се сомничи дека ја земала фалсификуваната лиценца од Министерството за економија.
Ниту МВР ниту Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација.
Од МВР потврдуваат дека се вршат претреси и дека имаат одземено телефони но без повеќе детали.
„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација со истражните тимови на Јавното обвинителство преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. При тоа извршени се претреси на пет локациии во Кочани и Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.“ – велат од МВР.
Слично е и соопштението на Обвинтиелството.
“Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.“ – велат од ЈО
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените