Соодветни систематски прегледи и селекција при упис во средните стручни школи, бараат компаниите од новиот закон за стручно образование
Најитно, до крајот на годинава, да се донесат измените на Законот за стручно образование или да се изготви и усвои сосема нов закон, апелира Стопанската комора на Македонија и најавува дека ваквата иницијатива ќе ја достави до Владата уште денеска.
Комората, на предлог на компаниите, во законските измени или во новиот закон бара воведување селекција на децата при уписот во средните стручни школи според афинетот, способноста и капацитетот, како и воведување соодветни, систематски здравствени прегледи од областа на медицината на трудот пред запишувањето во средните стручни училишта.
Анализите на Стопанската комора покажуваат дека се уште постои неусогласеност меѓу она што се бара и она што се нуди на пазарот на труд како кадар, а тоа, оценува, ја нарушува конкурентноста на економијата.
-На монтерите во нашата компанија, пред да се вработат, им се проверува рамнотежа, способност за рапознавање бои,…, сé што е специфично за оваа струка, но тоа не е случај и во стручните школи од каде земаме ученици за пракса. Исто така, не постои никаква селекција при запишување во средното стручно образование, нема никаква можност да се изберат ученици кои навистина имаат способности или афинитети за соодветен профил: елетроинсталатер, електричар или монтер, истакна Маја Симоновска од ЕВН.
ЕВН веќе три години работи на проектот 20:20:20 според кој, ученици и во текот на учебната година и за време на летото доаѓаат на пракса.
-Се покажа дека ни е значајно во основното образование да има кариерно советување, но и пред запишување во средно школо учениците да одат на систематски прегледи кои ќе бидат направени од тим психолози и лекари, специјалисти по медицина на труд за да се изберат оние кои ќе имаат и вештини, но и способности, како и наклонетост кон професијата со цел, по завршувањето да бидат работоспособни и да се вклучат во процесот на работа, подвлече Симоновска.
Според нејзината колешка Силвана Космач, еден од предизвиците со кои се соочила компанијата во текот на овие три години откако е воведено дуалното образование, е токму програмата за систематски преглед која согласно постојната законска регулатива се спроведува двапати, во прва и четврта година, а опфаќа основни прегледи.
-Со оглед на спецификата на работното место за кое ги обучуваме учениците, потребни се прегледи кои гиу опфаќа и медицината на трудот. Ова е во интерес на здравјето и животот на учениците зашто професијата електричар е опасна и по здравјето и по животот. Затоа, децата мора да се работоспособни за да се вклучат во работниот процес по завршувањето на образованието, потенцира Космач.
Наташа Јаневска од Стопанската комора се надворза со став дека, ако сакаме да имаме квалитетно, функционално дуално образование, законските пречки мора да се отстранат. Не треба да застанеме само на добрите практики и со реформите не смее да се експериментира.
-Имам проблем со недостиг на стручни кадри, но и со недостиг на работна сила воопшто. Недостигот на стручен кадар се одразува на продутктивноста на компаниите, нивните планови за иден развој, што крајно се рефлектира на целокупната економија. Последната анализа на Комората покажува дека 63 отсто од компаниите се соочуваат со недостиг на стручен кадар, а 62 процента во предвидувањата што ги прават, планираат да ги зголемат вработувањата во следните 12 месеци. Инаку, иако недостига кадар, а на пазарот се нуди работна сила, нема поврзаност меѓу вештините што се нудат и она што се бара од реалниот сектор. Ваквата неусогласеност ја нарушува конкурентноста на економијата, рече Јаневска.
Таа иформира и дека Комората бара во најкус можен рок да се формираат работните групи за законските измени или за евентуалното ново законско решение и во нив да има претставници на Комората кои би дале придонес од аспект на бизнис заедницата.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка