Сообраќајот во зимски услови со забрани и ограничувања на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат. Забрани и ограничувања има на повеќе патни правци.
Забрана за движење од седум утрово е воведена на патниот правец село Крупиште-Пробиштип. За сите видови возила поради наноси на снег на коловозот во прекин е сообраќајот на патниот правец Куманово-Свети Николе.
Делницата Велес - Штип и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште, ако нема исклучителна потреба, се препорачува да не се користи поради силен ветер и наноси од снег. Според информациите од Македонија пат ветерот го носи снегот на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Екипи на Македонија пат се на терен и работат со градежна механизација за расчистување од снегот.
Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот, додека на патниот правец Штип – Кочани, сообраќајот за сите возила се одвива наизменично по една коловозна лента.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Задолжително е поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемена, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
