Сообраќајот по влажни коловози со остатоци од кашест снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег, додека на Стража поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во извештајот за состојбата на патиштата во 12 часот.
Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и престанува да важи од 12:30 часот.
Забрани за тешки товарни возила се уште има на патните правци Крак-Маврово-Дебар, Крак-Стража-Кичево и на планинскиот премин Пресека.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга