Македонија
22. December 2019 - 18:27

Сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани се одвива наизменично

Сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани од 17:20 часот се одвива наизменично поради дефект на товарно моторно возило помеѓу село Балван и село Чардаклија, соопштија од АМСМ.
 
Сообраќајот кој се одвиваше наизменично по една коловозна лента на патниот правец Охрид-Кичево, односно пред село Ботун-Општина Дебарца, е нормализиран.
 
Сообраќајот на сите останати државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата