-->
-->
Сообраќајот на патот од Кавадарци кон Росоман во прекин - еве што се случува
-->
Поради градежни работи в недела ќе има прекин во сообраќајот на патот од Кавадарци кон Росоман и обратно, информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец“.
- Ќе се изведуваат градежни работи за поставување атмосферска канализација на Западен булевар, на потегот од Северен булевар до Флот стакло. Прекинот на сообраќајот во двата правци ќе биде во времетраење од пет часа и тоа од 7 до 14:30 часот, вели Бојан Атанасов, раководител на Секторот за водовод и канализација.
Ќе се пропуштаат само возилата на брза помош. Во случаи на неодложни работи, од претпријатието препорачуваат да се користи заобиколниот пат покрај Дреново до Росоман.
Земјоделците и останатите корисници на земјоделски машини можат да ги користат и заобиколните полски патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан
-
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија
-
Постудено време со мала облачност и силен ветер