-->
-->
Сообраќајот на патиштата по претежно суви коловози, слаб снег на планиските премини
-->

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Од ЈП Македонија пат информираат дека слаб снег паѓа на планиските премини Попова Шапка, Маврово, Стража, Пресеека, Буково и Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците, информираат од АМСМ, можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
