Сообраќајот на патиштата отежнат, забрани на неколку патни правци
Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.
Во целосен прекин е патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила.
Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека забрана за камиони има на патот Прилеп-Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, а на патот Тетово-Попова Шапка забраната е за камиони и за автобуси.
Забрани има и на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, како и крак Маврово-Дебар каде е забрането движење за тешки товарни возила со приколка. Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.
Ново на Сител
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот