Сообраќајот на ГП Богородица нормализиран само од македонска страна
Сообраќајот на граничниот премин Богородица од македонската страна на границата е нормализиран по завршување на блокадата од страна на такси превозниците која траеше од 10 до 12 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15 ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март, информираат од АМСМ.
Ново на Сител
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга