Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Р2332 Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.
Забрана за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија: Од 01.07.2020 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
