Македонија
9. July 2020 - 8:26

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Поради изведување градежни работи поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза)“ на ден 09.07.2020 год. (четврток) од 10:00 до 12:00 часот ќе биде во целосен прекин.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 09.07.2020 (четврток) на регионален пат Р- 2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.