Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тона.
Ново на Сител
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
-

Лекарската комора стана полноправен член на Европскиот совет на лекарски комори (CEOM)
-

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица
-

Иранската револуционерна гарда повторно им се заканува на бродовите на американските или израелските сојузници
-

Уапсено лице од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки
-

Писториус: НАТО ја штити Европа од ирански ракети
-

Тошковски: Психофизичката подготвеност е темел на професионалната полициска служба
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
