Македонија
26. February 2024 - 16:39

Сообраќајот е во хаос со месеци, надлежните молчат за мостот Беласица

За козметичка санација која требаше да заврши уште летоска, граѓаните 9 месеци го трпат сообраќајниот хаос на  мостот Беласица. Не се знае кој и кога ќе  ја заврши работата.Од пред нова година од град скопје најавија  дека е направен тест за издржливоста на мостот и градоначалничката Арсовска беше задоволна од резултатите.

Оттогаш до денеска од Градот молк на прашањата каде заглави работата.  Нема одговор ниту од АД ЕСМ чија надлежност беше санацијата на мостот и монтирањето на новиот цевковод. Професорот Гаревски кој ја правеше експертизата за оштетувањата вели тој бил ангажиран само еден ден од ЕСМ. Од нејасни причини му бил прекинат договорот, па така не знае кој го правел упатството за санацијата.

Гаревски потенцира дека мостот е безбеден бидејќи каблите за пренапрегање не биле оштетени во пожарот. Од она што може да го констатира, санацијата е направена.

Од АД ЕСМ велат само  дека активно работеле на отстранување на опожарениот топловод

Завршена е во целост подготовката на мостот за поставување на топловодот и очекуваме дека поставувањето на истиот ќе заврши во најкус можен рок.

Надлежните не открија до сега ниту кои се причините за опожарување  на мостот лани во мај.