-->
-->
Сообраќајниците околу Соборниот храм затворени од 10.30 часот поради празнување на Бадник
-->

Сообраќајниците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска од 10.30 часот ќе бидат затворени поради настан со кој ќе се одбележи празникот Бадник.
МВР соопшти дека посебниот сообраќаен режим во тој дел од градот ќе важи до завршување на настанот пред храмот.
-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
