Сообраќајна незгода - Тешко повреден пешак во Скопје
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.
Од нив, шест се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда, во 12 часот и 10 минути на крстосниците од улиците „Ќемал Сејфула“ и „Крсте Јасенов“ во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.
Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 79 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 77 пешаци сториле прекршоци по различни основи, осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 лица го управувале возилото без возачка дозвола, како и 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 122 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром со учениците од четврто одделение.
Ново на Сител
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје