Сообраќајка во Велес, тешко повредено едно лице
40-годишен маж се појавил вчера во велешката болница со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Како што информираат од МВР:
„На 04.07.2020 во 21.10 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општата болница Велес дошол Н.Б.(40) од Велес кому му биле констатирани тешки телесни повреди здобиени, по негово кажување, во сообраќајна несреќа што се случила околу 20.30 часот во близина на кружен тек на ул. “Н.Наумовски“ во Велес во која тој управувајќи патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки се судрил со патничко моторно возило “сеат кордоба“ со кавадаречки регистарски ознаки сопственост на С.С. а управувано од непознато лице.
По незгодата двајцата возачи го изместиле лице местото на настанот и се договориле дека наредниот ден ќе потполнат европски извештај.
Увид на местотот на настанот извршила екипа од СВР Велес а за настанот е запознат е јавен обвинител“.
Ново на Сител
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите