Македонија
20. August 2018 - 9:55

Сообраќајка во Струмица: Тинејџер (13) со мотор удрил во бетонски ѕид, со тешки повреди пренесен во Скопје

Вчера во 20,50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“, 13 годишно лице од село Сарај, струмичко , управувајќи мопед „ВОГ“ без регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид од куќа.

 Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.