-->
-->
Сообраќајка во Скопје, две лица се повредени
-->
На крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Јужноморавски Бригади“ и „Маџари“ во Скопје синоќа во 21:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(40) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобил возачот Р.Ф, кој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот