-->
-->
Сообраќајка во Пинтија - тешко повреден малолетник кој управувал електричен тротинет
-->
Малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет „хамачи“ е тешко повреден во сообраќајќа што се случила вчера во скопската населба Пинтија.
Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила синоќа, околу 18.30 часот на крстосница од улицата „Саса“ и улицата „Јабланица“ во населба Пинтија, меѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје и малолетникот.
По незгодата, малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство