-->
-->
Сообраќајка во охридско, тешко повредени три лица
-->
На 08.12.2020 во 05.40 часот на магистралниот пат од с.Подмоље кон Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(33) од Струга, патничко моторно возило„фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.Љ.(54) од Охрид и патничко моторно возило„рено- лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(39) од с.Оровник,охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило„рено-лагуна“, Н.Ј.(22) од с.Лескоец,охридско. Сите учесници во незгодата се пренесени во
болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог