-->
-->
Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево - сообраќајот во прекин
-->
Поради сообраќајна незгода сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица- Делчево, вечерва околу 18 часот времено беше затворен за сообраќај. Сообраќајната несреќа се случила во близина на село Драмче.
Според информациите на очевидци, станува збор за сообраќајна несреќа во која возачот на автомобил Југо со каменички регистарски таблички, изгубил контрола над истото и удрил во заштитната ограда и страничниот дел од патот. Како што информираат од Итната медицинска помош во Македонска Каменица, возачот е во добра здравствена состојба.
Истражните органи кои извршија увид на местото на несреќата дополнително ќе ги соопштат деталите од истрагата за причините и причинетата штета
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона