Сообраќајка на патот Битола-Ресен, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Ресен, кај место викано „Чешми“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 16,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од село Дрмени, Ресенско.
На местото на несреќата починал Љ.П., а со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од село Дрмени, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид на местото на несреќата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
