Сообраќајка на патот Битола-Ресен, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Ресен, кај место викано „Чешми“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 16,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од село Дрмени, Ресенско.
На местото на несреќата починал Љ.П., а со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од село Дрмени, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид на местото на несреќата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.
Ново на Сител
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
