Фудбал
29. February 2016 - 15:00

Сообраќајка на Нијанг и пауза од 2 месеци

Фудбалерот на Милан, Мбаје Нијанг ноќта во саботата кон недела имал сообраќајна несреќа во која заработил повреда и ќе паузира во наредните два месеци. 

Споре информациите од Скај Италија се работи за повреда на рамото и скочниот зглоб. 
Нијанг се почесто добиваше шанса во стартната постава кај тренерот Михајловиќ а последен пат настапи против Торино кога беше заменет од Балотели во 90-тата минута.