-->
-->
Сообраќајка на „Илинденска“, повредени две лица на мотор
-->

Синоќа околу 19,15 часот на крстосницата од булеварот “Илинден“ со улицата “Наум Наумовски-Борче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл “Априлија“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Г.(45) од Скопје и патничко моторно возило “Нисан Кашкаи“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.Ј.(54) од Скопје.
Од незгодата со повреди се здобиле Ј.Г. и неговиот сопатник Д.М.(38) од Прилеп кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“.
Од страна на лекар кај Ј.Г. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.М. биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
