Македонија
1. September 2015 - 20:38

Сообраќајка кај Лагадин, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 15 часот на магистралниот патен правец Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин, јави дописникот на МИА.

Несреќата се случила при директен судар на патничко моторно возило и моторцикл, при што тешко се повредени двете лица кои се превезувале на моторот. 

Повредените лица се згрижени во Општата болница во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши полицијата. За време на увидот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин. 

Ново на Сител