СОНК поканет во МОН на преговори за платите
СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на Министертството за образивание и наука, соопшти на Фејсбук синдикалниот лидер Јаким Неделков.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура од понеделникот организира генерален штрајк во училиштата и градинките поради тоа што со Владата не постигна договор за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.
На првиот ден на штрајкот, во понеделникот, беше најавено дека средба меѓу синдикатот и владини претставници ќе има деновиве во обид да се најде прифатливо решение.
Преговорите меѓу СОНК и Владата во изминатите две недели завршија без договор. По последната средба минатиот понеделник, Неделков рече дека нема краткорочно решение со кое веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапува Синдикатот и поради тоа на 11 април го активираше најавениот штрајк.
Синдикатот бара платите на вработените веднаш да бидат зголемени за 18,4 отсто согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.
Ново на Сител
-
Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак
-
Најмногу дожд во Прилеп и Берово, утринските температури од 6 до 12 степени
-
Трамп одбива да врати погрешно депортиран човек и покрај одлуката на Врховниот суд
-
Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми
-
Една жена загина, деветмина повредени во напад на украински дрон врз рускиот град Курск
-
Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан поради нов бран депортации
-
Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати