Македонија
22. August 2024 - 21:16

СОНК ќе преговара со МОН

Синдикатот за образование е свесен дека нема пари во буџетот, но не се откажува од зголемување на платите. Првиот човек на СОНК вели дека интензивно се разговара со надлежното министерство. Понудиле неколку алтернативи и оптимисти се дека може да се најде решение.

- Ние понудивме и краткорочен и долгорочен план. Се разбира, ова за зголемување на септемвриската плата треба да се испочитува. Ние имаме план за усогалсување на коефицинетите согалсно Општиот колективен договор каде треба да се транформираат во нови коефициенти согалсно сложенста на работното место. И тие коефициенти нудиме да се усогалсуваат во следните 4 години. Ете тоа се алтернативите, за кој верувам дека во преговорите ќе најдеме решение со ресорното министетво, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК. 

Министерката Јаневска пак вели – наследиле празен буџет. Можност за покачување од 12% годинава нема. Ги повика наставниците да имаат верба и пасија кон работата, а тоа што им следува  - ќе го добијат.

- Да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба, да придонесот за знаењето на учениците, да допринесат за напредок на државата, а она што им следува, бидејќи мене и на премиерот ни е добро познато тие ќе си го добијат, во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи, а јас како министер грчевите ќе се борам и на влада и со нив со преговори, тоа да биде што е можно повеќе, изјави Јаневска.

Последен пат платите на наставниците пораснаа лани во септември, откако СОНК и владата договорија зголемување за 15 %.