Македонија
13. May 2022 - 16:47

СОНК и Владата во обид за договор, пред можноста за реактивирање на штрајкот

Напредок има, ама договор уште нема. Се дефинираат деталите за новите колективни договори за основно и средно образование. Министерот вели дека и преку нив ќе се подобрува стандардот на вработените во образованието. Околу процентот пак за покачување на платите заради кое и дојде до штрајк, министерот вели се бараат начини и веќе идната недела ќе се знае и процентот кој државата може да го понуди.

СОНК денеска излегле со својата понуда за растот на платите, но и Неделков вели дека тоа прашање дополнително ќе се решава преку новата методологија за раст на платите во образование.

Тринеделниот штрајк на СОНК бешпе ставен во мирување за да с едаде шанса на дијалогот. Законот дава рок од 20 дена за помирување. Тој рок истекува в среда. Сите детели кои ќе бидат договорени на преговорите ќе одат на одлучување пред Советот на синдикатот кој ќе го каже последниот збор – дали штрајкот ќе заврши или наставата пак ќе прекине.