СОНК и Владата продолжуваат со дијалогот, ќе има ли договор до петок?
Конечен договор меѓу СОНК и МОН се очекува в петок. На денешните преговори за помирување, се разговарало за новите колективни договори и за прашањата кои ќе бидат дел од нив, а за платите се очекува да се разговара в петок.
„Се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок“, напиша претседателкот на СОНК на Фејсбук.
Ова денеска беа први преговори во вторите десет дена од процесот на помирување откако во првите 10 не се најде заедничко решение за платите во образованието и градинките. Процесот на помирување го води помирувач од МТСП и соглансо законот ако и по истекот на овие десет дена, односно до среда не биде постигнат договор, штрајкот повторно ќе се активира.
Проблем во преговорите се и платите во градинките кои МТСП најави дека за времето поминато во штрајк нема да ги исплати.
„На учесниците во штрајкот работодавецот е должен да ум уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. А организаторот на штрајкот, од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот“, стои во соопштението. За ова прашање ќе се водат паралелни преговори утре.
Тринеделниот штрајк на СОНК беше ставен вио мирување во обид да с енајде решение за платите. СОНК бараше 18,4%, Владата понуди 12%. Дали сега ќе биде понудено прифатливо решение најмногу зависи од пресметките на МФ.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар