Бизнис
20. May 2022 - 16:37

СОНК ги заврши и преговорите со МТСП - платите на вработените во градинките ќе бидат исплатени во полн износ

Идната недела вработените во градинките ќе ги добијат априлските плати во целост. МТСП и СОНК ги договорија измените во Колективниот договор со кој и на овие работници им се регулира правото на плата во време на штрајк. Досега КД предвидуваше само исплата на придонеси на минимална основи за време поминато во штрајк и заради таа одредба воспитувачките и негователките зедоа намаелни плати за минатиот месец.

Со ова конечно заврши процесот на преговори меѓу државата и синдикатот на образование. Пред два дена СОНК и МОН договорија покачување на платите за 15% од септември и уште 3,4% во јануари. Утврдени се деталите за КД за основно и средно образование, а од идната недела ќе се преговара и за новиот КД за градинките. Со ова исполнети се условите за прекин на штрајкот на СОНК кој започна на 11 04 и беше ставен во мирување на 28 април. Спогодбата треба да биде потпишана идната недела, а дотогаш се очекува и Советот на СОНК да распарава по неа и да одлучува за прекин на штрајкот.