Сонда на НАСА треба да се урне на астероид и да му го смени правецот
Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска ќе изврши проба со контролирано уривање на летало со цел менување на правецот на движење на астероид. Пробата се врши за да се изучат техники за менување на правец на астероид во случај на негов судир со Земјата.
Вселенската сонда на НАСА наречена Двојна измена на правец на астероид (ДАРТ) денеска попладне треба да се урне на Диморфос, помал астероид кој кружи околу Дидимос, поголема вселенска карпа. Овие два објекта се наоѓаат во близина на Земјата но не претставуваат непосредна опасност за нашата планета. НАСА го лансираше ДАРТ лани за да се тестираат техники што еден ден би се употребиле за планетарна одбрана во случај на пад на голем метеор на Земјата.
Сондата треба да се урне на Диморфос денеска во 19 часот и 14 минути по источноамериканско време, со брзина од 23.000 километри на час. НАСА ќе го емитува настанот во живо на својата веб-страница, преносот ќе почне во 18 часот. Притоа, половина час претходно НАСА ќе емитува фотографии од вселенското летало како тоа се приближува до астероидот. Тоа е возможно бидејќи помало летало, ЛисијаКјуб, е пуштено паралелно со ДАРТ да прави фотографии од судирот.
Во оваа мисија се користат средства одобрени од Конгресот кој во 2005 година даде мандат на НАСА до 2020 година да детектира 90 отсто од сите астероиди во близина на Земјата доволно големи да уништат цел град, a такви се оние со дијаметар од 140 метри или пошироки. НАСА досега детектираше такви астероиди, но поради кратење на средствата околу 15.000 објекти остануваат да бидат откриени.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари