Сончево со умерена облачност, попладне краткотраен дожд
Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне главно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 18, а максималната од 23 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје, слично време со можност за краткотраен дожд попладне. Преку ден ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за неколку степени. Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, а во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
„Царините од САД се резултат на грешка“ – Мицкоски очекува да се коригира одлуката
-
Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат
-
18 прекршоци за неисправност и непочитување на пловилата
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ