Македонија
11. April 2022 - 8:09

Сончево со умерена облачност и засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 9 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Дневните температури ќе бидат во пораст.