Сончево со мала до умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Под влијание на влажен и студен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање. Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг