Македонија
15. January 2019 - 8:41

Сончево, но студено време - во петок повторно снег

Сончево со умерена облачност, студено и ветровито време со умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на истокот не очекува денес.

Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со слаб на западот западен ветер.

Во петок во крајните западните делови ќе биде со слаби врнежи од снег, а во пониските делови со дожд.