Сончево и топло време со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи, информираат дека во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука