Сончево и топло, попладне нестабилно со појава на краткотрајно невреме
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во недела попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени, особено во северните делови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција