Сончево и топло, до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура од 14 до 40 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Попладне во јужните делови од земјата ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 39 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Денеска и утре во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови.
В сабота, во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. В недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата