Сончево и релативно топло за овој период од годината
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура.
Синоптичарите најавуваат минимална температура во интервал од -2 до 4 и максимална од 6 до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и температурите ќе останат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка.
Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и на пониските места.
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка