Македонија
12. August 2019 - 8:03

Сончево и многу топло со температура до 41 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. УВ индексот ќе изнесува 9.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен.

Во Скопје и околината сончево и топло со утринска температура до 21 степен, а дневна температура до 39 степени.