Сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степени. UV=10.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.
ОД УХМР најавија дека и во среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури и ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 киометри на час). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
