Сончево и многу топло, до 43 степени
Во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со утринска температура од 15 до 22 и дневна од 36 до 43 степени, а УВ-индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој во западните и во југозападните делови повремено ќе се засилува.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со температура од 21 до 40 степени.
Утре од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме.
В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска во интервал од 21 до 29 степени.
Од вторник ќе има стабилизирање на времето, температурата ќе биде во благо покачување.
Ново на Сител
-

Пропусти во предмети на судијата кај кого беа најдени 350 илјади евра
-

Академик Попов со критика кон домашните институции, но и меѓународната заедница
-

Ќе се менува законот за трансплантација за да се спасуваат повеќе животи
-

Владата, Здружението на граѓани „16 март“ и Општина Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од трагедијата во Пулс
-

Синдикатот му поднесе кривична, Љутков демантира
-

Николоски во работна посета на САД
-

ССМ повикува на протест во сабота
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
