Македонија
17. December 2016 - 8:25

Сончев и студен викенд, еве кога доаѓа снегот

Времето  во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус три, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до пет степени.

За време на викендот и во понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала облачност и со пораст на дневната температура. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува почнувајќи од западните делови и до крајот на работната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.