Сонце до викендот потоа промена на времето
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб претежно северен ветер. Попладне на планините понекаде ќе има умерено наоблачување.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 34 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје слично време, сончево со мала облачност, во попладневните часови и со слаб северен ветер.Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на претежно стабилно кон средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување и локална појава на краткотраен дожд, повеќе од четврток особено во деновите од викендот кога е можна и појава на грмежи пред се во западните делови од земјата.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј