-->
-->
Солзи по 7 години брак: Се разведува Ана Михајловски, водителката е загрижена само за едно нешто!
-->

Водителката Ана Михајловски, која неодамна се врати на малите екрани во емисијата „Јас имам талент“, после седум години брак, наводно се разведува од сопругот Мирко Грубин, со кој има две деца.
Ана, неодамна поднесе барање за развод, а веста за распадот со Мирко го шокираше целото нивно семејство и пријатлите, пишува српски „Блиц“.
- Кога пристигна во кафулето, сите ја препознаа. Набрзо седна на една маса на која и се придружи адвокат. Го слушнав нивниот разговор кој не беше воопшто пријатен. Ана зборуваше дека се плаши од тоа што ќе се случи со нејзините деца, но и дека мора да се разведе. Потоа почна да плаче, се гледаше дека навистина и е тешко и дека се грижи за иднината на своите деца. После некое време тие ја платиај сметката и заминаа, - изјавил изворот.

Ана ретко зборуваше за нејзиниот приватен живот, а пред две години за еден српски неделник изјави:
- Приватноста на други луѓе не ме интересира, па истовремено не сакам ниту мојата да ја делам со други. Слободата е непроценлива и никој нема право да ја нарушува некому. Ако немате приватност, немате ни слобода.

За потсетување, Ана од првиот брак со сопственикот на продуцентската куќа „Emotion“ Горан Стаменковиќ има ќерка, додека од бракот со Мирко има две деца, ќерка и син.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија