Солза Грчева: Местенка е дека Грците не прифаќаат „Илинденска Македонија“

Игранкава е премногу проста. Имево кое е во суштина мајтапење со нас,е договорено со Грците поодамна, а е одобрено од Американците. Глумата сега е како божем Грците не го прифаќаат, а ние даваме ерга омнес. Ако Грците попуштат (а се е договорено), тоа ќе биде компензација за нашата проституција, наречена: име за севкупна употреба.Значи стануваме нешто друго. Капитулација!
Инаку меѓународниот договор ќе го гласаат со просто мнозинство, значи сигурно им е. Претседателот ќе си молчи за неговите ингеренции. Затоа и ВМРО се сили дека нема да дозволеле менување на Устав. Исто како ДОМ. Па нема ни да им бараат, во тоа е штосот. Устав ќе се менува попосле (после Охридските договори). Е тогаш ќе видиме дали некој ќе стави рампа. !!!
Сценарио Б, по потпишување на договорот во Собрание,ќе се распише референдум, кој да бидете сигурни ќе биде наместен. Ова е најопасно, бидејќи враќање ќе нема назад! Од се погоре кажано ќе може да има правна разврска, од изјаснување на граѓаните, нема сила. Тоа е самоубиство кое никој ниту може, ниту ќе сака да го спречи, напиша Солза Грчева на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
