Солидарност и помош од учителката и соучениците за две деца со дијабетес од Битола
Весна Аврамовска Димитровска е наставничка која во својот клас вторачиња има две деца со дијабетес. Таа постојано им ја мери гликемијата и им дава инсулински инјекции, но има и голема помош од останатите ученици од класот. Сите тие знаат да ја препознаат опасноста на ситуацијата и ако е сериозна, знаат како да реагираат.
-Децата знаат дека кога ќе дојде некоја опасна ситуација, сме имале безброј такви ситиации, ми алармираат јас ако правам нешто друго, доаѓаат до мене и ми алармираат дека нешто со другарчето не е во ред. Бидејќи ги немаме соодветните пенкала , ние користиме мед.
Таа дополнува дека се соочуваат со дополнителни проблеми.
-Неквалитетен инсулин, неквалитетни мерачи кои покажууваат огромни разлики во мерењето и апелирам најбрзо да се набават барем за дечињата до 12 години, сензорите Либре за мерење без боцкање кои ќе ни ја олеснат наставата, но и нивниот живот, вели Аврамовска Димитровска.
Но, иако кај нас дијабетот тип 1 не е во пораст, се уште постои дискриминација кон овие деца.
-Јас лично познавам дете кое е исклучено од училиште заради хипогликемии и не оди на училиште, што мислам дека е нон-сенс во денешниот свет и не смее да се повтори. Затоа децата не треба да не се дискриминирани, да нема стигма на нив, да се знае дека тоа е состојба која што се лекува, и ако сите се запознаени, нема да има последици, нема да има хипогликемии, и ќе се вклопат тие дечиња уште подобро во општетсвото.
Светскиот ден на дијабетесот го одбележаа на овој начин за да го пренесат секојдневието во нивното одделение и борбата со дијабетесот да ја споделат со сите.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
